Дневно инфо - Македонија
Македонците незадоволни од животниот стандард
Голем број Македонци се незадоволни од својот живот, 46 проценти - најмногу од сите земји во регионот, како и од нивниот животен стандард. Покажуваат резултатите од анкетата на Галуп Балкан Монитор, спроведена во земјите од западен Балкан.
Сепак, една третина од Македонците се изјасниле дека чувствуваат подобрување во економијата.
Учесниците во анкетата го осудија коруптивното однесување и се изјаснија дека се релативно задоволни од владините мерки во борба против организираниот криминал - 49проценти се изјаснија дека се задоволни.
Тројца од десет Македонци рекоа дека постојат шанси за нов вооружен судир во регионот - 29 проценти.
70 проценти од Албанците во Македонија веруваат дека Охридскиот договор обезбедил долгорочно решение за етничките проблеми во Македонија. Од друга страна, само 30 проценти од Македонците се согласија со ова.
Според 69 проценти од Македонските Албанци, Македонија треба да влезе во НАТО и ЕУ, дури и по цена да го загуби своето официјално име, што е прифатливо за само 3% од Македонците, кои го сочинуваат мнозинското население.
Поголемиот дел од анкетираните припадници на двете заедници се согласија позитивно во врска членството во ЕУ - 84 проценти од Албанците и 57 проценти од Македонците.
Многу општини во Македонија немаат ниту една аптека
Карбинци, Маврово, Старо Нагоричане и Јегуновце се само дел од општините кои немаат аптека, со старите и изнемоштени лица се принудени да патуваат повеќе од 20 километри за да купат лекови. Во повеќето скопските села онаму каде што има амбуланта, има и аптека, но во внатрешноста отворањето на аптеки е непрофитабилно.
„Во кавадаречко, накај Витачево, нема аптека. Во прилепско Мариово, нема. Во Крушево треба да се отвори уште една аптека....
Стартува новата учебна година
Започнува новата учебна година. Паралелно со ревизијата на сите одобрени учебници во образованието, во училишните клупи ќе се вратат 306 илјади ученици, од кои 212 илјади се дел од основното образование и 94 илјади се средношколци.
Почетокот на оваа учебна година ќе го одбележи скандалот со учебниците и нивната ревизија што, според многумина, претставува задоцнета реакција на Министерот за образование и наука, Никола Тодоров....
80 средношколци од Берово и Делчево останаа на улица
Пред првиот училишен ден 80 средношколци од Берово и Делчево останаа на улица, откако им беше соопштено дека нема место за нив во интернатот во Штип.
„Нема што да правиме ќе мора да преспиеме пред интернатот, каде ќе одиме, јас самохрана мајка со една плата“, вели Лилјана Котевска, родител од Делчево.
„ Каде сега да одам со моето дете? Јас сум од Делчево 90 километри од тука“, вели Сашко Радиславов, родител од Делчево....
Кај Македонците паѓа поддршката за членство во ЕУ
Речиси две третини односно 60 отсто од Македонците сметаат дека членството во ЕУ е добро за земјата и оти ќе има корист од тоа, покажува најновата анкета на Евробарометар.
Според истражувањето, 11 проценти од граѓаните на Македонија сметаат дека членството во ЕУ е лошо за државата, а 27 се воздржале да дадат мислење....
Категорија
Македонија
Многу општини во Македонија немаат ниту една аптека
Карбинци, Маврово, Старо Нагоричане и Јегуновце се само дел од општините кои немаат аптека, со старите и изнемоштени лица се принудени да патуваат повеќе од 20 километри за да купат лекови....
Свет
Ерл, Компасу и Лионрок пустошат низ светот
Населението на источниот брег на САД почна да се евакуира пред налетот на ураганот Ерл....
Мода
Какви модели на јакни се актуелни ова есен?
Секоја сезона не изненадува со некои мали промени кога се во прашање јакните, но сепак зборуваме за ситници. Есенските јакни веќе неколку сезони се помалку или повеќе исти....
Спорт
Четири селекции без пораз на кошаркарскиот Мундијал во Турција
Репрезентациите на САД, Аргентина, Турција и Литванија, продолжуваат со максимален ефект и по вчера одиграните натпревари од 4.коло на Светското кошаркарско првенство во Турција....
Озборувања
Џон Траволта е хомосексуалец?
Брачната идила на Џон Траволта и Кели Престон, кои наскоро очекуваат принова, ја наруши објавената вест дека славниот актер е припадник на “Тајна геј спа субкултура“. „Џон Траволта ја изневерува сопругата Кели веќе со години....
