05.11.2008

Озборувања

Тони Зен тајно се ожени ?

Irina i Toni Zen 5g.jpg

Популарниот рапер и миленик на жените, Тони Зен најверојатно пред некое време тајно се венчал со својата долгогодишна девојка, скопјанката Ирина. Негови блиски велат дека сега станал по сериозен од порано и дека сега размислувал само како оженет човек.
 
Доказ за тајната венчавка на Тони и Ирина е личниот сајт на наводната невеста на страницата Facebook, каде во полето кај моментален емоционален статус пишува ОМАЖЕНА. Отидовме да провериме и на сајтот на младоженецот Тони. Но, таму освен датумот на неговиот роденден не наидовме на друга информација. Со ова познатиот рапер само ги подргева шпекулациите за евентуалната тајна венчавка со неговата голем љубов.

Дали преголемиот медиумски притисок ги натера Тони и Ирина на тајна венчална церемонија во присуство само на најблиските, не  успеавме да дознаеме. Но, едниствен факт е дека овој тренд на изговарање на судбоносното ДА  без знаење на медимите го практикуваат и познатите фаци од светскиот шоу бизнис. J Lo и Ben Affleck, Nicole Kidman и  Kid Urban, Rene Zelveger, Mariah Carey се само дел од имињата за чии бракови се дозна по неколку месеци откако тие беа склопени далеку од будното око на јавноста.

Останува само  добро да прочепкаме и во некоја наредна прилика да ја откриеме вистината околу наводната свршувачка на Тони Зен. Девојки, не губете надеж.

Rate Me... Rating Saved!
0

Озборувања последни вести

06.09.2010

Што се случува со лицето на Наоми Кемпбел?

На црвениот тепих на Филмскиот Фестивал во Венеција се прошета и црниот пантер Наоми Кемпбел. Таа на фестивалот пристигна со својот свршеник, рускиот милијардер Владимир Доронин....

02.09.2010

Џон Траволта е хомосексуалец?

Брачната идила на Џон Траволта и Кели Престон, кои наскоро очекуваат принова, ја наруши објавената вест дека славниот актер е припадник на “Тајна геј спа субкултура“. „Џон Траволта ја изневерува сопругата Кели веќе со години....

01.09.2010

Џулија Робертс не се грижи за влакнестите пазуви?

Прекрасната глумица и ѕвезда на новата кампања на Lancome, Џулија Робертс го повтори изгледот од 1999. година, кога на премиерата на филмот „Nothing Hill" облечена во прекрасен вечерен фустан, ги покажа своите неизбричени пазуви.

Овој пат Џулија е фатена како ужива на плажа во Малибу со својот сопруг Дени Модеро и децата....

31.08.2010

Голата Јулијан Мур превулгарна за италијаните

Последната кампања на модната куќа Bulgari, чија ѕвезда сега е 39-годишната глумица Џулијан Мур, во Венеција е оценета како несоодветна, па затоа е и забранета од страна на градоначалникот Џорџ Орсон.

Градоначалникот смета дека е невкусно да се постави билборд со голата Мур во близина на плоштадот Св. Марко....

30.08.2010

И Бред Пит потклекна на третманите за подмладување

Се чини дека и Бред Пит не остана имун на холивудскиот тренд на подмладување. Во последно време неговите брчки се скоро невидливи. Споредувајќи ги неговите фотографии фотографирани во период од неколку месеци, може да се забележи дека прилично се разликуваат....

27.08.2010

Џенифер Анистон има проблем со алкохолот?!

Според пишувањата на американските медиуми, познатата актерка за време на вечерата испила респектабилно количество на водка и шампањ.

Некогашната ѕвезда од серијата „Пријатели“ според таблоидите тагата ја лечи со алкохолот, откако нејзиниот најнов филм „Замена“ доживеа неуспех на благајните во американските кина....